
Епизода 2.
Втора епизода: Еден ден во Скопје
Транскрипција
Здраво,
Во оваа епизода, ќе зборуваме малку за Скопје, главниот град на Македонија. Што можете да правите во Скопје?
Скопје може да ви понуди многу нешта. Култура, историја, природа, забава. Сè зависи од тоа што ви се допаѓа. Доколку сакате природа, можете да одите на Водно. Водно е планина висока 1066 метри и од нејзиниот врв се гледа целиот град. Можете да планинарите, да возите велосипед или да одите со жичница. На врвот на Водно се наоѓа Милениумскиот крст. Тоа е споменик изграден во чест на две илјади години христијанство во Македонија.
Понатаму, можете да го посетите кањонот Матка. Матка е одличен избор ако сакате да се разладите во лето или да ги истражите пештерите и старите манастири.
Ако ја сакате историјата, ви ја препорачувам тврдината Кале чии ѕидини биле изградени во шестиот век. Прошетајте се и низ старата скопска чаршија. Таму ќе се чувствувате како да шетате низ вистинска чаршија од Османлиското владеење. Можете да ги посетите и Археолошкиот музеј, Музејот на холокаустот или Меморијалната куќа на Мајка Тереза. Ако сте љубители на културата, можете да одите во Македонскиот народен театар или да видите дали Македонскиот културен центар организира некоја интересна изложба или некој концерт.
За крај, уживајте со едно турско кафе во едно од кафулињата на Плоштад Македонија или покрај кејот на Вардар. Скопје ве очекува!
Транскрипција + превод на англиски + вежби
Transcription + translation to English + exercises
Leave a comment