
Епизода 3.
Трета епизода: Фолклорот низ моите очи
Транскрипција | Transcription
Денес зборуваме за македонскиот фолклор и за она како јас го гледам фолклорот.
Кога бев мала, не го разбирав фолклорот. Всушност, го презирав, се срамев од него. Не ги разбирав инструментите. Гитарата беше многу поинтересна од тапанот и зурлата. Не го разбирав ритамот, најчесто премногу бавен за мој вкус, а гласот премногу пискав.
Но, тинејџерските години се луди и минливи. Навистина, тогаш не знаеме баш ништо. Се бараме, се откриваме. И ден денес, обожувам да слушам рок од време на време, но не ми нуди ништо духовно. Можеби ми нуди нешто интелектуално, но ништо што ме поврзува со себеси.
Арно ама, фолклорот и тоа како ме поврзува со нешто што ми лежи на душа: моите предци. Тоа е музиката што ја слушале, свиреле, пееле; музиката на која играле. Во тој ритам чука и моето срце. Фолклорот е богатство оставено аманет од генерации наназад. Тоа е музика, литература, живот.
Денес, ми се допаѓа да слушам фолклор. Секој звук, секоја зурла, тапан, кавал, многу ме исполнува. Ми помага да ја разберам подобро историјата на мојот народ, културата, традициите. Ова е музика што вечно трае. Музика што остава трага кај секој оној кој пораснал со таа култура и кај секој оној кој за првпат ја открива.
Транскрипција + превод на англиски + вокабулар
Transcription + translation to English + vocabulary
Subscribe to get more podcast episodes, lessons, and updates!
Leave a comment