
Епизода 4.
Четврта епизода – Моите омилени македонски филмови
Транскрипција | Transcription
Сакам да гледам филмови. Ми се допаѓаат разни филмови од разни култури.
Немам омилен жанр, но со сигурност знам дека не можам да гледам хорор филмови.
Најчесто, сакам да гледам историски филмови, комедија или драма.
Ми се допаѓаат повеќе македонски филмови. Еден од моите омилени македонски филмови е „Пред дождот“, режиран од Милчо Манчевски. Во 1994 година, овој филм бил номиниран за Оскар. Филмот е полн со емоции, приказни и култни сцени. Една од тие култни сцени кoja сите ја знаат е репликата на Раде Шербеџија, кој вели: „Пукај бе, братучед! Пукај!“. Ова не е лесен филм за гледање. Ве тера да размислувате и да си поставувате прашања. Сигурно е еден од најдобрите македонски филмови.
Друг интересен филм е „Среќна Нова ’49“. Ако сакате да гледате југословенска драма, топло ви го препорачувам овој филм.
Омилена комедија ми е „Бал-Кан-Кан“ која, и покрај смешните сцени, содржи општествена критика.
Од поновите филмови, ми се допаѓа „Трето полувреме“, инспириран од вистински случки од минатото. Таков филм е и „До Балчак“ чие дејство се одвива за време на Османлиската власт.
А, вие? Дали сте гледале некој македонски филм?
Транскрипција + превод на англиски + вокабулар
Transcription + translation to English + vocabulary